Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Варан за битката со Сити: Со Реал се е возможно…

Објавено

на

Реал Мадрид успешно ја заврши сезоната во Шпанија, односно по три години го врати трофејот од Примера на „Сантијаго Бернабеу“.

Ова сега значи дека „кралевите“ можат максимално да се посветат, фокусираат на предизвикот во Лигата на шампионите, поточно битката со Мачестер Сити. Реал загуби на првиот меч на домашен терен со 2-1 и ќе има пеколно тешка задача за да се пласира во четвртфинлето или поконкретно на завршниот турнир во Лисабон.

Меѓутоа клуб како Реал кој е најтрофеен во ова натпреваруавње никогаш не смее да се отпише и токму ваква јасна порака испрати стоперот Рафаел Варан.

-Ова е Реал Мадрид и сè е можно, надежта е секогаш таму дури и ако ситуацијата е тешка. Кога го носите овој дрес имате одговорност, знаеме дека нè чека тежок натпревар, но ќе му пристапиме со неверојатен глад. Тоа е долг што им го должиме на нашите навивачи, не можеме да го предвидиме резултатот, но ќе се бориме до крај, -истакна Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни