Поврзете се со нас

Англија

Ван Перси типуваше како ќе заврши шампионскиот поход на Арсенал во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Робин Ван Перси мина осум години во Арсенал и важеше за најдобар играч на „топчиите“ во своите последни сезони во Северен Лондон, но првата и единствена титула во Премиер лигата ја освои во Манчестер Јунајтед.

Ван Перси направи директен трансфер во лутиот ривал токму за да го освои трофејот во домашното првенство, а 19 години после последната титула која ја прокнижи Арсенал во англиската елита, Холанѓанецот смета дека е дојдено време за прекинување на долгиот пост.

Поранешниот напаѓач смета дека Арсенал ќе биде уште неколку пати сериозно тестиран до крајот на сезоната, но верува дека момците на Микел Артета ќе го издржат притисокот и ќе станат шампиони.

– Во овој период од сезоната, секој поен ќе биде многу важен. Арсенал имаше неколку тешки натпревари во последно време, но на сите тие освоија по три бода и тоа е дух на шампионски тим.

– Арсенал го покажа тоа во последно време, овој тим има шампионски дух. Последниот исчекор е најтежок и ќе биде интересно да се види како ќе се развиваат работите. Сепак, мое лично чувство е дека тие ќе успеат, дека Арсенал ќе ја освои титулата. Доста долго не се случило тоа и ќе бидам навистина среќе за нив, – изјави Ван Перси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни