Поврзете се со нас

Македонија

Ван Дајк имаше „Стиви Џи момент“, Робертсон со извонредна реакција спречи чист гол (Видео)

Објавено

на

Ливерпул одигра скромно прво полувреме против Кристал Палас и му дозволи на противникот да замине на пауза со минимална позитива, а реално можеше да биде и полошо за избраниците на Јирген Клоп.

Гостите дојдоа до предност со фантастична тимска акција која со гол ја круниса Езе, а неколку минути подоцна, Матета можеше да ја зголеми предноста.

Фудбалерот на Кристал Палас остана во идеална ситуација откако Вирџил Ван Дајк имаше Стивен Џерард момент, но лизгањето на капитенот сепак не беше казнето со гол во мрежата на Алисон.

Матета паметно размислуваше и малку фалеше да ја затресе мрежата, но тавко нешто не дозволи Енди Робертсон кој со пожртвувана реакција спречи чист гол.

Лизгањето на Стивен Џерард во 2014-та година го чинеше Ливерпул титула во Премиер лигата, но денеска Робертсон не дозволи убедливо водство на Кристал Палас и Ливерпул ќе има шанса за пресврт во вториот дел.

Ситуацијата погледнете ја ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни