Поврзете се со нас

Боречки спортови

Валканата игра на Бугаринот: Пулев делеше удари во глава по крајот на рундата и го разбесни Џошуа (Видео)

Објавено

на

Искусниот Кубрат Пулев немаше што да бара во борбата со Антони Џошуа и откако два пати беше на подот во третата рунда, не можеше да одолее и по третиот пад, бидејќи беше нокаутиран од фаворитот кој боксуваше прад малкубројната публика во Лондон.

Бугаринот беше инфериорен во однос на осум години помладиот Џошуа и добра вест за него беше тоа што издржа дури девет рунди, особено ако се знае дека во неколку наврати го провоцираше Британецот со своите валкани потези.

Популарната „Кобра“ се реши за подмолни удари во главата на Антони по одекнувањето на гонгот за крај на рундата, а во една ситуација Џошуа видно се изнервира и му возврати на противникот.

Со остварената победа во Лондон, Џоуша остана апсолутен шампион во тешка категорија, па сега цела бокс јавност е во исчекување на потврда на борбата која сите со нетрпение ја чекаат, односно битката меѓу Џошуа и Тајсон Фјури.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни