Поврзете се со нас

Шпанија

Валдано со трансфер совет за Реал: Заборавете на Мбапе, донесете го него!

Објавено

на

Поранешниот играч, тренер и директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано испрати еден трансфер совет, предлог до управата на шпанскиот великан.

Аргентинската легенда многу добро знае како функционира клубот од Мадрид, односно дека секогаш се носеле ѕвезди, звучни имиња на „Сантијаго Бернабеу“, а едно такво дефинитивно е она на Килијан Мбапе.

Напаѓачот на ПСЖ долго време се поврзува со „кралевите“ кои на чело со Флорентино Перез сакаат да го видат во своите редови, меѓутоа според Хорхе подобро решение за клубот е да биде доведен Ерлинг Браут Халанд од Борусија Дортмунд.

-Би го потпишал Халанд пред Мбапе. Се движи на мали и големи места, дава голови во континуитет. Разбирам оти Мбапе е ѕвезда, ама сум ипресиониран од Халанд. Дава секаков тип на голови, -вели Валдано за „Онда Серо“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни