Поврзете се со нас

Англија

Вајналдум се уште се надева дека ќе направи супер трансфер ова лето

Објавено

на

Фудбалерот на Ливерпул, Џеорџино Вајналдум и дефинитивно ќе си замине од „Енфилд“ по крајот на оваа сезона.

Холандскиот репрезентативец нема да го продолжи договорот со „црвените“ и како слободен агент ќе направи трансфер во некој од заинтересираните клубови за неговиот потпис.

Желбата на Вајналдум е да потпише за Барселона, клуб кој се интересира за неговите услуги, но се уште не е познато дали ќе тргне по него со оглед на фактот што не е позната судбината на Роналд Куман кој вчера го донесе трофејот од Купот на Кралот во витрините на „Камп Ноу“.

„Мирор“ пишува дека желба на Вајналдум е да игра заедно со Лео Меси кој се поизвесно ќе остане во клубот. Освен Вајналдум, Барселона ќе го ангажира и Мемфис Депај и така Куман ќе направи мала холандска колонија во каталонскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни