Поврзете се со нас

Македонија

Уште едно ново име во Битола: Бакрачески ќе го носи дресот на Пелистер

Објавено

на

Пелистер има јасна амбиција и сака експресно да се врати во Првата македонска фудбалска лига, па поради тоа доста е активен на пазарот каде се обидува да привлече што подобри, поквалитетни играчи кои ќе помогнат да се оствари посакуваната цел.

Клубот од Битола денеска промовираше нови име-тоа е фудбалерот од средината на теренот Наумче Бакрачески. Тој доаѓа од Брегалница, а во кариерата има уште настапувано за Металург и Тиквеш.

Од Пелистер најавија дека во наредните денови ќе донесат и нов напаѓач.

Инаку досега „зелено-белите“ ги доведоа Никола Наумовски, Филип Миленковски, Христијан Грозданоски, Бурхан Мустафов, Благоја Љамчевски и Илче Петровски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни