Поврзете се со нас

Европски првенства

Уникатно видео од „Вембли“: Виали не ги гледаше пеналите, па заврши меѓу фановите (Видео)

Објавено

на

Трофејот освоен на неодамна завршеното Европско првенство е голем успех за италијанската репрезентација, посебно ако се знае какви проблеми имаше пред да биде преземена од Роберто Манчини и неговите соработници.

Финалето на „Вембли“ донесе пенал завршница како кулминација на возбудата, но и притисокот, а тоа на најдобар начин го покажа и однесувањето на Џанлука Виали, фудбалската легенда која беше член на стручниот штаб на Манчини.

Во специјалниот документарец кој го објавија Италијанците и кој содржи досега необјавени видеа, сцени и изјави од текот на првенството, Виали е зад италијанските пеналџии сместени на средината на теренот и свртен со грб кон она што се случува на спротивната страна од теренот.

Иако изгледа мирно и ладнокрвно, дури го сослушува и разочараниот Манчини по нереализираниот пенал на Жоржињо, Виали почнува да ужива во моментот, откако ќе му стане јасно дека Англичаните промашиле и се упатува кон трибината каде прославува со италијанските фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни