Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА со официјална објава откако покрена постапка против Барселона, Реал Мадрид и Јувентус

Објавено

на

од УЕФА две недели откако покренаа официјална постапка против Барселона, Реал Мадрид и Јувентус поради организирањето на Супер лигата, се огласија со официјално соопштение во јавноста.

Фудбалскиот свет ги исчекува санкциите кои ги подготвува УЕФА за трите клубови „бунтовници“ кои не се откажаа од намерата за формирање на ново натпреварување кое ќе ја засени Лигата на шампионите.

Покрај високите парични казни, се споменуваше и забрана за настап во најелитното европско натпреварување за овие клубови. Сепак, од УЕФА објавија дека времено ќе ја прекинат постапката и подетални информации за евентуалните казни ќе пренесат кога ќе дојде време за такво нешто.

– По отворањето на дисциплинската постапка против Барселона, Јувентус и Реал Мадрид поради потенцијално кршење на законската рамка на УЕФА во врска со т.н проект Супер лига, Апелационото тело при УЕФА одлучи времено да ја запре постапката се до дополнителното известување кое ќе го пласираме во јавноста, -стои во соопштението од УЕФА.

Ваквиот потег на УЕФА е повлечен поради фактот што клубовите се штителе со правни документи  испратени преку швајцарските власти. Тоа значи дека доколку УЕФА преземе правни дејствија против клубовите, а на крај се покаже дека тоа не е во согласност со правилата, ќе треба да плаќа голема оштета на тие клубови. УЕФА сега треба да најде начин да ги оспори правните документи и одлуката за да го продолжи процесот по кој се очекува казна за клубовите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни