Поврзете се со нас

Италија

Ударна вест од Торино: Роналдо почна да ги сели своите луксузни автомобили (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо мудро молчи за својата иднина и во овој момент е фокусиран на случувањата од последното коло во Серија А, но сепак со еден потег на приватен план, успеа и тоа како да го привлече вниманието на цела спортска јавност на Апенините.

Луксузните автомобили кои ги донесе во Торино во 2018-та година ги надополни со уште неколку спортски модели во текот на изминативе години, но сега истите ќе имаат нова дестинација откако медиумите „уловија“ како скапите „ѕверови“ на Португалецот се сместуваат во голем транспортен камион.

Со овој потег, Роналдо дополнително ги распламна шпекулациите за негово заминување од Јувентус и италијанскиот фудбал на крајот од сезоната, гласини кои минатата седмица ги збогати и неговата мајка Долорес која истакна дека ќе направи се за да го убеди својот син да се врати во Спортинг Лисабон.

Интересно од видетото е и тоа што се гледа дека одговорни пренесување на автомобилите се луѓето од „Родо Карго“, добро позната компанија од Португалија за транспорт со седиште во Лисабон.

Многумина сметаат дека ова е најдобар доказ за заминувањето на Кристијано на крајот од сезоната, а се верува дека прва негова конкретна изјава на оваа тема ќе добиеме по крајот на последното коло кое е на програмата претстојниот викенд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни