Поврзете се со нас

Шпанија

Убиствената транзиција на Анчелоти и бравурозниот Куртоа обезбедија нов Суперкуп трофеј за Реал (Видео)

Објавено

на

Карло Анчелоти самостојно потенцира дека неговиот Реал Мадрид одлично се снаоѓа во транзиција и извонредно ги користи контра нападите кога противниците оставаат простор, па откако со тој рецепт ја совлада Барселона, на идентичен начин падна и Атлетик Билбао.

Бранителот на титулата во шпанскиот Суперкуп немаше никаква шанса за победа во денешното финале во Ријад, бидејќи избраниците на Дон Карло беа навистина поискусни и позрели за надигрување.

Најавата за трофејот пристигна по убиствената транзиција по која гол постигна Лука Модриќ, а резултатот 1:0 беше активен до стартот на второто полувреме.

Судијата покажа на белата точка по играње со рака во шеснаесетникот на Билбао, па иако играчите на Атлетик се бунеа, Градо немаше дилеми откако ја прегледа ВАР снимката и Бензема погоди за 2:0.

Во самата завршница, Атлетик доби шанса да се врати во игра поради играње со рака на Милитао, но Тибо Куртоа со бравурозна одбрана со нога му го одбрани шутот на Раул Гарсија и му донесе мирни завршни минути на својот тим кој освои нова Суперкуп титула.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни