Поврзете се со нас

Англија

Тухел посочи две причини за поразот на Челси

Објавено

на

Челси го претрпе вториот пораз во оваа сезона во Премиер лигата и истиот одново дојде на гостувањата овојпат кај Саутемптон на „Сент Мерис“.

„Сините“ загубија со 2-1 иако први го отворија резултатот што секако е разочарувачки за тимот кој има амбиции да се бори за самиот врв во шампионатот. Ваквите изданија се неприфатливи за навивачите, но и за тренерот Томас Тухел кој ги искритикува играчите посочувајќи две причини за негативниот резултат, менталитетот и конзистентноста во играта.

-Очигледно се мачиме со нашиот фокус и со константноста во натпреварите, не е доволно да играме добро 20 минути. Истото го направивме и во Лидс. Една работа оди против нас, а потоа се мачиме да најдеме одговори и да возвратиме. Работите не одеа во наша насока и почнавме да се мачиме и да се прилагодуваме, па ситуацијата ни излезе од раце.

-Мислам дека не е потребно многу за да не победат. Тоа не ми се допаѓа. Доволно сме скромни за да разбереме дека можеме да губиме фудбалски натпревари. Но тоа не ни се допаѓа и потоа се обидуваме да победиме на секој натпревар, но тоа го правиме на начин менувајќи се што е можно побрзо, -вели Тухел кој воедно ги посочи и повредите како важен фактор.

-Никој не остана во средниот ред. Препораката за Матео Ковачиќ беше 20 минути, но тој одигра 45. Исто така, не разбирам зошто сме во ваква ситуација во однос на повредите, но така е и треба да се најдат решенија, -заклучи Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни