Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тухел: Имаме една мала предност на реваншот со Арсенал

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел има важно искуство во Лигата на шампионите и веќе еднаш триумфираше во ова натпреварување со Челси, а еднаш беше дел и од големото финале како член на ПСЖ.

Германскиот стручњак се обидува да стигне до завршниот меч со трет различен тим, но пред него е сериозна четвртфинална мисија, бидејќи неговиот Баерн утре ќе треба да го надигра тимот на Микел Артета.

Арсенал и Баерн одиграа 2:2 на првиот дуел и оставија се отворено за реваншот, а Тухел смета дека Баерн има една мала предност на „Алијанц арена“, која сепак не мора да биде пресудна за триумф.

– Имаме мала предност во однос на Арсенал кога е искуството во Лигата на шампионите во прашање. Но, за тоа да стане вистинска предност, мора да одиграме најдобро што можеме. Подготвени сме да дадеме се, да се покажеме добро пред нашите фанови.

– Ќе ни бидат потребни сите навивачи за да победиме, ќе ни биде потребна страст и тактичка дисциплина како на првиот меч. Нависитна сакаме да победиме, за нас и за нашите фанови. Арсенал игра многу убав фудбал, прераснаа во голем фубалски бренд и ќе ни биде потребна поддршка од сите за да ги победиме, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни