Поврзете се со нас

АТП

Тренерот на Надал за Ѓоковиќ: Неговата кариера е во опасност

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ не учествуваше на првиот грен слем во оваа календарска година Австралија Опен кој на крајот по голема борба му припадна на Рафаел Надал.

Со овој триумф шпанецот дојде до 21 пехар на најголемите турнири во белиот спорт со што изби сам на првото место оставајќи ги зад себе Ѓоковиќ и Рожер Федерер. Секако многумина си го поставуваат прашањето што ќе се случеше во Мелбурн ако Новак добиеше зелено светло за тоа од властите, но тоа што не беше вакциниран против коронавирусот го спречи во таа мисија и ако го задржи тој став може да му донесе проблеми и во наредниот период.

Тренерот на Надал, шпанската легенда Карлос Моја го предупреди Србинот за кого смета дека ако не се вакцинира тогаш ја става во опасност својата кариера.

-Не мислам дека 21. грен слем титула на Надал ќе го натера Ѓоковиќ да се вакцинира. Доколку Новак не се вакцинира, му се заканува сериозна опасност повеќе да не игра ниту еден грен слем и би се откажал од продолжување на кариерата за која толку многу работеше и се бореше. Мислам дека Ѓоковиќ не е против вакцината, но решил да не ја прими. Неговата кариера е во сериозна опасност доколку не се вакцинира,-рече Моја кој ја откри следната голема цел на Надал.

-Големата цел на Рафа за оваа година е Ролан Гарос и мораме да направиме се за да стигнеме таму на најдобар можен начин. Ако е здрав ќе биде еден од фаворитите, но има уште неколку месеци и многу настани меѓу нив, -заврши Карлос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни