Поврзете се со нас

Формула 1

„Трансферот“ на Хамилтон е објавен порано од предвиденото, шпанските медиуми добиле инфо од најрелевантен извор

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Преселбата на Луис Хамилтон од Мерцедес во Ферари очекувано е топ тема меѓу фановите на Формула 1, но голем дел од нив се изненадија од начинот на кој информацијата се појави како шпекулација, за да биде потврдена во текот на истиот ден.

Први до трансфер бомбата стигнаа шпанските медиуми, додека вообичаено добро информираните „Би-Би-Си“, „Скај Спортс“ и сите италијански медиуми мораа срамежливо да ја пренесат информацијата, додека Мерцедес и Ферари мораа побрзо од предвиденото да потврдат со соопштение.

Неколку дена подоцна стана јасно дека текот на настаните бил ваков поради фактот што шпанските медиуми ја добиле информацијата од Карлос Саинц сениор, таткото на актуелниот возач на Ферари, кој пак ќе остане без својата позиција токму поради пристигнувањето на Хамилтон.

Саинц сениор неодамна победи на Рели Дакар, а од Ферари барал да ги открие своите намери за својот син уште пред почетокот на сезоната. Раководството му потврдило дека има договор со Хамилтон и нема да го продолжи договорот со Саинц јуниор, а информацијата експресно стигнала до највлијателните шпански медиуми.

Шпанскиот пилот допрва ќе соопшти каде ќе ја продолжи кариерата по крајот на следната сезона, која ќе му биде последна во болидот на Скудерија Ферари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни