Поврзете се со нас

Свет

Трајковски пристигна во Алборг и веднаш се фати за работа (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски во продолжението од оваа сезона ќе го гледаме во нова средина и тоа во данскиот прволигаш Алборг.

Тој во финишот на летниот преоден рок премина во овој клуб и тоа на едногодишна позајмица од шпанска Мајорка. Откако завршија репрезентативните обврски Трајковски се упати во Данска каде беше промовиран по што веднаш се фати за работа и тренираше со новите колеги.

Ова за Александар е прв скандинавски предизвик, а со своето знаење искуство од играњето во Македонија, Белгија, Италија и Шпанија се очекува да биде квалитетно засилување за четирикратниот дански шампион.

Алборг во ова коло му гостува на Виборг (12 септември), во моменто се наоѓа на 5. место со 12 бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни