Италија
Тоти за неверојатната сезона на Спалети и Наполи: Имаат и среќа…

Франческо Тоти сериозно го наруши односот со Лучијано Спалети и токму поради него замина во пензија, но неколку години подоцна, искусниот стручњак се наоѓа пред својата прва титула во Серија А.
Лучијано и неговите играчи имаат се во свои раце за да го освојат Скудетото и оваа сезона изгледаат недопирливи во италијанската елита, за што говорат и бројките кои велат дека Наполи има 19 бода предност пред второпласираниот Лацио.
Елиф Елмас и соиграчите имаат сезона од соништата и ги делат само 11 кола од големо славје, па додека наполитанците се подготвуваат за прослава, Франческо Тоти смета дека Наполи оваа сезона едноставно немал достоен ривал во домашното првенство.
– Знаев дека Наполи е добар тим со добар тренер, тоа е навистина добра комбинација. Тие го дадоа најдоброто од себе оваа сезона, но имаа и среќа поради тоа што никој не ги брка од позадина.
– Кога јас играв активно фудбал, Јувентус и Интер имаа по 20 победи ако ние имавме 19. Тоа не беше случај оваа сезона и Наполи едноставно не беше предизвикан, – смета Тоти.
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 17 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 19 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)