Англија
Тотенхем ќе плати 45 милиони евра за фудбалер кој не се наметна во Манчестер Сити

Тотенхем ангажираше засилување во финишот на преодниот рок, односно го доведе шпанскиот интернационалец Педро Поро од редовите на Спортинг.
Фудбалерот кој игра на позиција фул-бек првично доаѓа на заем, но Тотенхем под одредени услови ќе има обврска да го откупи неговиот договор за 45 милиони евра.
Антонио Конте доби експресна замена за Мет Доерти кој се пресели во Атлетико Мадрид, а Поро го избрал дресот со број 23 во лондонскиот клуб.
Интересно е што Шпанецот беше купен од Манчестер Сити во 2019 година, но не се наметна кај Пеп Гвардиола и беше испратен на позајмици во Валјадолид и Спортинг, клубот кој подоцна го откупи неговиот договор.
Спортинг плати 7,2 милиони фунти за Поро, за сега да очекува 40 милиони од најавената продажба во Тотенхем.
I have arrived, to work, and may there be many victories and conquests! let’s go guys .💙 #COYS @SpursOfficial pic.twitter.com/r4FhGIKkH7
— Pedro Porro (@Pedroporro29_) January 31, 2023
-
Македонијапред 11 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 20 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 19 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 21 час
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……