Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал: Рафа ја завршува сезоната со горчлив вкус во устата

Објавено

на

Рафаел Надал имаше најдобра сезона ако се гледа бројот на освоени грен слем титули, но сепак неговиот чичко Тони смета дека Шпанецот ќе ја заврши 2022-ра година со горчлив вкус во устата по импресивните пет месеци кои ги имаше на стартот.

Надал се врати од непријатна повреда на стартот на годината и успеа да го освои трофејот на Австралија Опен, а подоцна славеше и на турнирот на кој обично доминира, Ролан Гарос.

Двете грен слем титули направија да го мине рекордот на Рожер Федерер и да избие прв на вечната листа, но сепак Тони смета дека детали го делеле Рафа наместо добра, да има извонредна сезона.

– Ова можеше да биде извонреднад сезоната за Надал, но на крајот беше нарушена од непријатностите кои ги имаше со повердите. Резултатите се добри бидејќи ги освои Австралија Опен и Ролан Гарос, но ја завршува сезоната со горчлив вкус во устата.

– На Вимблдон стигна до полуфиналето, но не можеше да го игра поради повреда. Таму беше сигурен кандидат за титулата. Потоа, имаше проблеми и во Њујорк и затоа вториот дел од сезоната го нарушува оној првиот кој беше одличен, – вели Тони Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни