Поврзете се со нас

Италија

Тонали му одговори на Инѕаги за изборот на судијата: Сега ќе треба…

Објавено

на

Интер и Милан утре го играат реваншот од полуфиналната фаза на Лигата на шампионите, односно некаде околу 23 часот или можеби нешто подоцна ќе го дознаеме првиот патник за финалето во Истанбул.

„Нероаѕурите“ славеа со 2-0 на првиот меч и се во одлична позиција да дојдат до посакуваната цел, меѓутоа пласманот ќе мора да го потврдат на зелениот терен на „Џузепе Меаца“.

Главен судија на натпреварот ќе биде Клеман Турпан од Франција, одлука за која реакција имаше од тренерот на Интер, Симоне Инѕаги. Инѕаги на пресот имаше забелешка за делегирањето на Турпан затоа што е Французин, а Милан во своите редови има четворица играчи од оваа земја.

Околу ова прашање доби предводникот на „росонерите“, Стефано Пиоло кој не сакаше да навлегува во дебата и порача:

-Нема да дадам одговор на тоа, нема да реплицирам, -рече Пиоли по што се јави Тонали кој му се обрати на тренерот и истакна:

-Претпоставувам сега ќе треба да најдеме судија без националност, – се пошегува Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни