Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш се засили со напаѓач од Африка

Објавено

на

Екипата на Тиквеш која оваа сезона по долга пауза одново е дел од првата македонска лига ги засили своите редови со напаѓач од Африка.

Клубот од Кавадарци сметаше дека им е потребно освежување во офанзивната линија, па го ангажираше Барга Нгоба Анаел. Тој во новата средина доаѓа од Ал Акдар од Либија.

Инаку Тиквеш имаше лош старт на сезоната и по четири кола во ПМФЛ освои само еден бод и даде само два гола што значи дека Камерунаецот треба да биде „оружје“ кое би требало да помогне да се подобри оваа сегашна ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни