Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш рутински до триумф над Струга

Објавено

на

Ракометарите на Тиквеш ја забележаа петтата победа во плејоф фазата во Суперлигата и тоа на гостувањето во Струга каде триумфираа со резултат 29:22.

Избраниците на Раде Стојановиќ сакаа да се вратат на победнички патеки по поразот од Охрид и успеаа во таа цел против најслабиот тим во оваа фаза.

Првиот дел им припадна на гостите со 15-13, предност која дополнително беше зголемена во вторите 30 минути.

Лазов и Мајиќ со по пет гола беа први стрелци кај победникот, додека Тренчевски имаше пет реализации на спротивната страна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни