Поврзете се со нас

Македонија

Тиквеш и Воска Спорт сакаат историско финале во Купот на Македонија

Објавено

на

Попладнево се играат реваншите во Купот на Македонија, дуели во Скопје и Кавадарци по кои ќе дознаеме кои екипи ќе се борат за трофејот во ова натпреварување.

Актуелниот шампион (во Купот), Македонија Ѓорче Петров ќе има тешка задача да се избори за трето финале затоа што првиот дуел со Воска во Охрид го загуби со 2-0. На избраниците на Бобан Грнчаров им е потребна победа од два или повеќе разлика ако сакаат одново да имаат можност да го бранат трофејот.

Воска пак ако издржи ќе дојде до историско финале во Купот, можност која ја има и Тиквеш.

Тиквеш е домаќин на Шкупи, клубот од Кавадарци остана непоразен во Скопје (0-0) и сега пред своите навивачи ќе има можност да дојде до голем резултат.

Двете средби започнуваат во 15 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни