АБА лига
ТФТ водеше во сите четири четвртини, но ќе мора да почека за прва победа

Играчите на ТФТ имаа вечер во која навистина им одеа ударите за три поени, но за жал ниту тоа не беше доволно за да се забележи прва победа во новата сезона во АБА2 лигата.
Тимот од Тафталиџе кој се уште важи за актуелен освојувач на Куп титулата во Македонија го претрпе петтиот пораз на петиот меч во регионалното натпреварување, но за разлика од другите, овој посебно боли.
ТФТ имаше предност од 20:11 во првата четвртина, водеше на стартот од секоја од четирите периоди, но кога дојде да се решава победникот, потфрлија во она што беа најдобри цела вечер.
Македонскиот тим промаши четири обиди за три поени во последните минути, па така од водство 85:84, на крајот загуби тесно во дуелот со Слога со резултат 88:92.
Српскиот тим профитираше од деконцентрацијата на играчите на ТФТ и ја запиша втората победа во сезоната, додека македонскиот претставник ќе мора да почека за прво славје оваа сезона.
Мекбрајер постигнаа 20 поени, Бишоп 19 поени за ТФТ, Костоски 17, но и покрај тоа што тројцата беа најдобри поентери на натпреварот, Слога имаше пет играчи со двоцифрен учинок и тоа ја направи разликата.
-
Англијапред 18 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Светпред 22 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Англијапред 22 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 21 час
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Италијапред 23 часа
Мурињо го вклучил Ѕаниоло на списокот за ЛЕ, фудбалерот извадил „оправдание“ и не тренира
-
Англијапред 18 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Шпанијапред 5 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час