БИБЛ лига
ТФТ со победа ја стартуваше новата година во БИБЛ лигата

Македонскиот прволигаш ТФТ Скопје со победа ја отвори 2022 година во БИБЛ лигата.
Составот од Тафталиџе беше подобар од црногорскиот претставник Ибар со 87-83 со што направи голем исчекор кон пласман во следната фаза на ова натпреварување. Ова беше средба која донесе изедначена борба во три од четирите четвртини, односно како клучен за триумфот на ТФТ се покажа првиот период кој го доби со 29-23.
Хортон имаше блескава партија со осум погодени тројки или вкупно 35 поени, 8 скокови и 5 асистенции. Единствениот друг двоцифрен играч беше резервистот Бишоп со 13 поени.
Кај поразените пет играчи имаа 11 или повеќе поени, најефикасни беа Калиќ, Љујиќ и Кнежевиќ со по 15 поени.
Четата на Смилковски има учинок од 4 победи и 4 порази и се наоѓа на 3.место во Б групата.
-
Балканпред 24 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
АТПпред 18 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 15 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Францијапред 23 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 16 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 20 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Италијапред 18 часа
Инѕаги отпиша тројца играчи за утрешното дерби, но е среќен поради формата на Лукаку