Поврзете се со нас

Македонија

ТФТ ја научи лекцијата и дојде до „брејк“ во Чаир

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Тимот на ТФТ Моцарт се изборија за победа над Чаир 2030 со 83:72 во вториот натпревар од четвртфиналната плејоф серија во првата македонска лига.

Избраниците на Смилковски ја научија лекцијата од првиот меч на кој испуштија двоцифрена предност и на крајот останаа со празни раце, па така вечерва одиграа константно во најголемиот дел од средбата и израмнија на 1-1 во оваа серија.

Клубот од Тафталиџе водеше со 10 разлика на полувреме (45-35), домаќините намалија дел од негативата во третиот период, но завршниот период одново им припадна на гостите за славје во „Шабан Трстена“.

Верц со 26 и Зафиров со 16 поени беа најдобри стрелци кај ТФТ, Галовеј имаше 21 кош кај поразените.

Следните два меча се играат во СРЦ „Кале“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни