Поврзете се со нас

Македонија

ТФТ го надигра Пелистер во дербито на колото во Првата лига

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

Првата кошаркарска лига во Македонија продолжи по тринеделната пауза поради Куп завршницата и репрезентативниот прозорец на ФИБА, а денешниот ден беше отворен со големо дерби.

ТФТ и Пелистер ги одмерија силите на стартот на 18-то коло и се очекуваше допадлива кошарка, но мора да се признае дека далеку порасположен беше тимот од Тафталиџе кој на крајот оствари сигурна победа.

Битолчани претрпеа минимален пораз од МЗТ во финалето на Купот и дојдоа во Скопје да залечуваат рани, меѓутоа мораа да се помират со нов пораз, овој изразен со резултат 77:66.

ТФТ знаеше како лесно да се одлепи на двоцифрена предност и сигурно ја одржуваше разликата, па само потврди дека е во извонредна форма во домашниот шампионат каде е во серија од пет победи во низа.

Луис со 17 поени беше најефикасен играч во редовите на победничкиот тим, Хотон забележа 13, Ташовски 12, а Николов 11 поени. Најдобар на теренот беше Планиниќ со 21 поен и 15 скокови, но тоа не му помогна на Пелистер да избегне пораз.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни