Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тер Штеген со сосема поинаков став од Чави за црвениот картон на Араухо

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Играчите на Барселона не го криеја разочарувањето и дел од нив го завршија со солзи мечот со ПСЖ, дуел кој беше одбележан од црвениот картон на Роналд Араухо во втората фаза од првото полувреме.

Стоперот на Барселона го фаулираше Баркола и главниот судија Иштван Ковач му покажа директен црвен картон, а додека Чави силно протестираше за погрешна судиска одлука, Тер Штеген има целосно поразличен став од тренерот.

Германецот очигледно повеќе ја сфаќа одлуката на романскиот судија, особено откако видел забавена снимка од ситуацијата во 29-та минута.

– Не може да се каже дека судијата направи грешка. Ако досудил фаул во таа ситуација, мора да покаже и црвен картон. Тоа го промени цел меч. Сега ја видов повторената снимка и има мало влечење, така да може да се досуди прекршок, – изјави Тер Штеген.

– Навистина сме разочарани. Можевме да се пласираме во полуфиналето и затоа овој пораз повеќе боли. Со 10 играчи на теренот моравме повеќе да ризикуваме и на крајот бркавме резултат. Можевме да дадеме гол за продолжение, но тие постигнаа четврти гол и тука беше крајот, – додаде Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни