Поврзете се со нас

Англија

Тен Хаг загрижен за повредата која ја заработи Рашфорд: Не изгледа баш добро

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Маркус Рашфорд одново беше дел од важна победа на Манчестер Јунајтед, но кога прашањето околу триумфот беше обезбедено, навивачите на „Олд Трафорд“ и менаџерот Тен Хаг добија добри причини за грижа.

Рашфорд побара замена во 81-та минута и мораше да го напушти теренот поради повреда на препоните, а со оглед на тоа што станува збор за навистина специфично место, првата прогноза на Тен Хаг не е премногу оптимистична.

Холанѓанецот ги обвини луѓето кои го одредуваат календарот и нагласи дека невозможно е да се одиграат три натпревари за шест дена, за што доказ е и повредата на неговиот најдобар голгетер.

– Не ни преостанува ништо, освен да чекаме и да видиме што ќе биде. Искрено, не изгледа баш добро. Повторно ни се случува ова поради распоредот, не може да играте три меча за шест дена.

– Мора да мислиме на нашите фудбалери и да ги штитиме нив. Фудбалот е забава, но за да има забава, мора да ги гледаме најдобрите играчи на најважните натпревари, – изјави Тен Хаг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни