Англија
Тен Хаг потврди дека повредата на Антони е сериозна, Сколс посочи кој треба да го замени во финалето

Манчестер Јунајтед го потврди топ четири пласманот со триумфот над Челси и владееше славеничка атмосфера на „Олд Трафорд“, но сепак овој меч донесе и една неповолна вест за менаџерот Ерик Тен Хаг.
Бразилецот Антони заработи непријатна повреда и изгледаше дека станува збор за сериозна работа, нешто што меѓу редови го потврди и самиот менаџер на Јунајтед по победата од 4:1
– Тешко е да се каже за што точно се работи, ни изгледа сериозно. Да бидеме објективни, мора да почекаме 24 часа и потоа ќе знаеме повеќе за што точно се работи, – изјави Тен Хаг.
Со оглед на тоа што има само девет дена до финалето со Сити во финалето на ФА Купот, голема е веројатноста дека Антони ќе остане без овој дуел, а Пол Сколс веќе даде предлог кој треба да игра место него.
– Сметам дека Санчо изгледа навистина добро во последно време. Малку и ми е жал за сезоната која ја имашево првиот дел, но сега изгледа фит, подготвен и делува самоуверено. Сметам дека тој треба да биде избор во финалето, – вели Сколс.
-
Германијапред 21 час
Кан доживеал брутално понижување од Баерн: Ова е најлош ден во мојот живот!
-
Шпанијапред 22 часа
Родриго претрча 70 метри и постигна неверојатен гол во Севилја (Видео)
-
Францијапред 20 часа
Голот на Меси доволен за историја и нова шампионска титула на ПСЖ (Видео)
-
Македонијапред 23 часа
Тиквеш приреди шпалир за новиот шампион, во Битола се крена трофејот после 18 години (Фото)
-
Англијапред 21 час
Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па ја прослави промоцијата во Премиер лига од болнички кревет (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Шпанијапред 6 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Македонијапред 21 час
ТЦР Европа: Давидовски до четвртото место во првата трка