Англија
Тен Хаг ги пофали играчите на Њукасл: Покажаа поголема страст и желба

Стратегот на Манчестер Јунајтед, Тен Хаг се соочи со уште еден неуспешен резултат во Премиер лигата откако остана поразен во дерби натпреварот против тимот на Њукасл кој славеше на „Сент Џејмс Парк“ со 2:0.
Со победата Њукасл сега го престигна Манчестер Јунајтед и сега е на третата позиција на табелата, со ист број бодови колку и „ѓаволите“, но со доста подобра гол разлика.
По натпреварот, тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг упати честитки до Њукасл и ги пофали фудбалерите на овој клуб кои покажале повеќе желба и страст за надигрување од неговите играчи.
– Не сум задоволен воопшто со овој натпревар. Ни беше навистина тешко. Противникот беше далеку подобар, а ние мора да научиме од сето ова.
– Не бевме доволно добри, а Њукасл ја заслужи победата. Покажаа поголема посветеност, поголема страст, поголема желба. Разочарани сме со резултатот, но исто така и со целокупниот настап на тимот, -јасен беше Тен Хаг кој ќе мора да менува нешто затоа што веќе трет натпревар по ред во Премиер лигата неговиот тим не победува, а не постигнува ниту погодок.
-
Англијапред 14 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 13 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 23 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 13 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 21 час
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Италијапред 22 часа
Првенецот на Милик доволен за победа на Јувентус (ВИДЕО)