Поврзете се со нас

Шпанија

Тебас: Премиер лигата десет години беше без „Златна топка“, а напредуваше најмногу

Објавено

на

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас повторно зборувал за финансиската ситуација на клубовите, како и споредбите на шпанската и Премиер лигата.

Тебас смета дека отсуството на најголемите ѕвезди од Ла Лига не значи дека првенството нема да напредува.

– Не можеме да бидеме опседнати со тоа да доведеме фудбалери како Мбапе и Халанд.

– Премиер лигата помина десет години без да има освојувач на „Златната топка“, но токму во тој период напредуваше најмногу. Фудбалерите ќе дојдат, но тие не се најважни за развојот на лигата, – рекол Тебас.

Тој го прокоментирал и фактот што Реал Мадрид е далеку пред другите шпански клубови во однос на финансиската стабилност.

– Реал е на врвот поради нивниот одличен начин на менаџирање последните десет години, – појаснил Тебас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни