АТП
Тажен ден во „белиот спорт“: Почина легендарниот Болетиери

Светската тениска јавност денеска се разбуди со една жална вест поврзана за еден од најпознатите тренери во „белиот спорт“, бидејќи легендарниот Ник Болетиери починал на 91-годишна возраст во својот дом.
Човекот кој важи за основоположник на модерните академии во светот на тенисот имаше една од најпознатите тениски школи и од истата излегоа огромен број звучни имиња, а во неговата листа на играчи/ки кои им помагаше беа Андре Агаси, Моника Селеш, Џим Куриер, сестрите Вилијамс, Марија Шарапова, Мери Пирс, Борис Бекер, Томи Хас и многу други.
Како што информираат светските медиуми, Болетиери имал проблем со инфекција на бубурегот и здравствената состојба значително му се влошила во последно време, а за жал тенискиот свет денеска загуби една од најголемите тренерски легенди.
Болетиери својата кариера како тренер ја стартувал во Порторико на крајот на 60-тите години на минатиот век, а потоа својата прва академија за тенис ја отворил на Флорида во 1978-ма година.
Болетиери ќе остане во добро сеќавање на сите големи тениски ѕвезди кои соработуваа со него, но ќе се памети и по тоа што беше првиот човек кој направи иновација во академиите, односно направи младите играчи да живеат и учат во неговата тениска академија, концепт кој до него никој не го применуваше.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Италијапред 13 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“