Поврзете се со нас

Англија

„Тајмс“ најавува дека Оле Гунар Солскјер ќе си ја поправи грешката: Против Вест Хем на голот стартува…

Објавено

на

Манчестер Јунајтед одигра блед натпревар против Челси и сосема заслужено беше елиминиран од полуфиналето од ФА Купот по поразот од 3:1.

На овој пораз со две катастрофални интервенции кумуваше голманот на „ѓаволите“, Давид Де Хеа.

Досега, Солскјер во куп натпреварите го користеше Серхио Ромеро, но овој пат поради важноста на натпреварот се реши за првиот чувар на мрежата на клубот, Давид Де Хеа.

На крајот тоа испадна како погрешен чекор на Норвежанецот, кој сега планира да си ја поправи грешката и на натпреварот против Вест Хем шанса да му даде на Серхио Ромеро.

Причината за тоа е и тоа што самодовербата на Де Хеа е на многу ниско ниво по новите грешки и критиките од јавноста.

Запрашан дали Давид Де Хеа ќе го започне натпреварот против Вест Хем, Солскјер одби да даде конкретен одговор.

– Ваша работа е да пишувате за тоа дали Де Хеа ќе стартува, а моја работа е да го подготвам тимот за Вест Хем. Нема да зборувам за индивидуалци затоа што никој тука не треба да почувствува дека му создаваме дополнителен притисок, -изјави Солскјер.

Натпреварот со Вест Хем е клучен за Манчестер Јунајтед во битката за четвртата позиција на табелата. Победа од повеќе голови разлика ќе им даде одлична предност во пресрет на последното коло во кое ќе се сретнат Јунајтед и Лестер во натпревар кој директно ќе решава за патникот во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни