Поврзете се со нас

Германија

Страшниот учинок го натера Баерн да му го промени презимето на Левандовски (Фото)

Објавено

на

Роберт Левандовски не застанува да постигнува погодоци во дресот на Баерн Минхен, а со денешните два на натпреварот против Фортуна Дизелдорф, напаѓачот стигна до навистина импозантен учинок.

Полската гол-машина продолжи онаму кадешто застсана пред корона паузата, па во изминативе четири кола продолжи да ги решета противничките мрежи, а со денешните погодоци против Фортуна стана единствениот играч во Германија кој има постигнато гол против сите 18 бундеслигаши во овој момент.

Популарниот Лева денеска на двапати се запиша во листата на стрелците и имаше значајна улога во уверливата победа на Баерн од 5:0, но мора да се напомене дека тоа го направи на величествен начин. Најпрво имаше „штикла“ додавање во неверојатната акција која заврши со прв негов гол, а вториот погодок го даде буквално со пета и само докажа на кое ниво е подигната неговата самодоверба.

Левандовски, на овој начин стигна до 28-от гол во Бундеслигата оваа сезона и изби на челот на листата на најдобри стрелци во Европа, а вкупно во сите натпреварувања има дури 43 погодоци на 38 одиграни натпревари.

Страшниот учинок ги воодушевува сите фанови на Баерн, но и самиот клуб кој денеска за момент му го промени презимето во ЛеванГолски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни