Поврзете се со нас

Меѓународни настани

Страшна сцена во Атланта: Бејзбол играч заврши во болница со распарано лице (Видео)

Објавено

на

Бејзбол натпреварот меѓу Атланта Брејвс и Њујорк Метс донесе хорор сцена на теренот, бидејќи еден од играчите на гостинскиот тим заработи ужасен нокаут во лицето и мораше да биде експресно испратен во болница.

Кевин Пилар од Њујорк чекаше да ја врати топката во поле со палката, но наместо тоа, фрлачот Џејкоб Веб направи голема грешка и буквално го патосираше противникот.

Повеќе од јасно е дека играчот на Атланта немаше никаква намера, а од цела оваа непријатна ситуација, најдобра вест беше тоа што храбриот Пилар успеа сам да стане на нозе и да го напушти теренот.

Американските медиуми направија анализа и открија дека Кевин добил удар во главата со брзина од 94,5 милји на час, или поточно 152 километри на час, што направи неговата реакција да наиде на голем восхит кај колегите и неговиот тренер.

– Ова момче е воин, вистински борец. Тоа го покажува на секој меч, а сега видовте како изреагира во навистина лоша ситуација. Стана на нозе и си замина. Не можев да поверувам што направи после брзината на топчето со кое беше удрен, – изјави Луис Рохас, менаџерот на Метси кои победија со 3:1.

Откако му биле направени детални прегледни, било утврдено дека освен расекотината, Пилар нема никакви внатрешни крварења во главата, па и самиот испрати порака дека се чувствува добро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни