Поврзете се со нас

Свет

Страшна партија на плејмејкерот: Димитријевиќ се „запали“ и ја нокаутираше ЦСКА Москва

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ со страшно издание го предводеше составот на Уникс Казањ до победа над ЦСКА Москва од 88:78 во дерби средбата во ВТБ лигата.

Ова е завршна рунда од овој дел од шампионатот и двата тима посакуваа победи, но домаќинот како актуелен шампион и воден од навивачите и нашиот Димитријевиќ се избори за триумф со кој го обезбеди првото место на табелата.

Нено се „запали“ и уфрли неверојатни 40 поени (3/4 за еден, 8/11 за два, 7/9 за три) на кои додаде 6 дефанзивни скока, 9 асистенции, 2 украдени топки или на крајот севкупно имаше 52 индексни поени. Двоцифрени кај победникот беа уште Рејнолдс со 22 и Грин со 12 кошеви.

На другата страна кај тимот на Емил Рајковиќ се издвои Тримбл со 21 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни