Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Стоунс обелодени какво значење за него имаат дуелите со Нејмар и Мбапе

Објавено

на

Џон Стоунс направи неверојатен пресврт оваа сезона и се претвори во еден сигурен стартер во тимот на Пеп Гвардиола, кој вечерва во стандардниот термин за Лигата на шампионите ќе го пречека ПСЖ во вториот полуфинален дуел.

Целта на двата тима е да изборат пласман во големото финале кое ќе се игра во Истанбул, но иако во овој момент Сити е поблиску до такво нешто бидејќи победи на првиот меч со 1:2, кога на спротивната страна има играчи како Нејмар и Мбапе, ништо не може да се земе здраво за готово.

На прес-конференцијата, Стоунс кој игра фантастична сезона беше запрашан какво е чувството да се чуваат едни од најдобрите фудбалери на денешницата, играчи кои обично претставуваат вистински кошмар за противничките одбрани.

– Никогаш не е лесно против вакви играчи, но на вакви натпревари, најмногу треба да го докажете вашето знаење. Да играте против двајца играчи од светска класа како Мбапе и Нејмар, за мене лично е возбудувачки како стопер и дефанзивец. Ова е добар тест за нас дефанзивците, да покажеме што знаееме и умееме, да се адаптираме на вакви предизвици.

– Огромен предизвик е да ги оставите мирни на еден натпревар. Тоа ни успеа во Париз, особено во второто полувреме, ќе биде голем предизвик и на реваншот. Се надевам дека ќе останат мирни, не само тие двајца, туку цел тим на ПСЖ, – изјави Стоунс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни