ВТА
Стоилковска не успеа да се справи со четвртата носителка во Шарм Ел Шеик

Македонската тенисерка, Магдалена Стоилковска доживеа пораз во второто коло на ИТФ фјучерсот во Шарм Ел Шеик што се игра за награден фонд од 15.000 долари.
Стоилковска на другата страна на мрежата ја имаше четвртата носителка Карола Патриција Беженару која се покажа како пресилен ривал за да се обезбеди пласман во четвртфиналето.
Романката која е 609-та на ВТА листата ја доби оваа пресметка по нешто повеќе од еден час игра со 2-0 во сетови. Средбата на теренот број четири донесе идентичен резултат во двата сета 6-2.
Стоилковска ќе има настап на уште еден турнир во Египет (W25 Шарм Ел Шеик), а според пријавите на тенисерките најверојатно ќе треба да игра и во квалификациите.
-
Балкан18 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Англија24 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Италија20 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет20 часа
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација19 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет18 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија17 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан14 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)