Поврзете се со нас

Формула 1

Стјуардите му изрекоа казна на Ферстапен за инцидентот со Хамилтон

Објавено

на

Макс Ферстапен и Луис Хамилтон не ја завршија денешната трка на Монца поради страшниот инцидент кој го имаа во првиот свијок, па иако првично се чинеше дека цела ситуација ќе биде заокружена како тркачки инцидент, сепак стјуардите во Формула 1 проценија дека вината ја има помладиот возач.

Неколку часа по трката во Италија, пристигна вест дека Ферстапен ќе биде казнет за предизвикување судир на Монца, но суспензијата ќе ја отслужи на следното гран при.

Макс се удри во болидот на Хамилтон и „хало“ системот спречи да видиме поголема трагедија на патеката, но и покрај тоа што во прв момент вината се префрлаше и стигнаа обвинувања од двата табори на Мерцедес и Ред Бул, конечниот заклучок на одговорните лица е дека предизвикувач на несреќата е лидерот во генералниот пласман.

Ферстапен е казнет со три места за руското гран-при и ќе стартува три места поназад од она кое ќе го обезбеди преку квалификациите, што значи дека бодовите кои досега ги има освоено му остануваат недопрени и ја задржува разликата од пет поени.

Трката за Големата награда на Русија се вози во Сочи, а истата е закажана за две седмици, на 26-ти септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни