Поврзете се со нас

Германија

Стигна официјална потврда од баварскиот клуб: Дајот Упамекано нов фудбалер на Баерн Минхен

Објавено

на

Од таборот на Баерн Минхен и официјално го потврдија тоа што го најави Хасан Салихамиџиќ пред неколку денови, Дајот Упамекано е нов фудбалер на актуелниот германски шампион.

Францускиот стопер за кого интерес имаше и од Ливерпу, Челси и Манчестер Јунајтед од 1 јули ќе се приклучи на Баерн Минхен кој за неговите услуги ќе плати сума од 45 милиони евра.

Упамекано со Баерн Минхен потпиша петгодишен договор кој ќе трае до 30 јуни, 2026 година.

– Среќни сме што успеавме да го донесеме Дајот кај нас, но нашата задача е да прикажеме убав фудбал во моментов. Тој треба да доигра за Лајпциг исто така. На тој начин ние ќе го следиме и дополнително ќе ги запознаеме неговите квалитети, -изјави тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни