Поврзете се со нас

Игри на среќа

Стартува петтото издание на наградната игра на Макпетрол

Објавено

на

Во текот на 2020 година ќе биде организирана нова наградна игра на компанијата „Макпетрол“, при што официјалниот старт е закажан за 1 март, а извлекувањето на главната награда ќе се случи на 7 декември.

Наградната игра е за потрошувачите на „Макпетрол“ кои се членови на програмата за лојалност – ВЕРНА.

– Веќе пет години Макпетрол преку платформата ВЕРНА ги наградува своите најверни потрошувачи. Посебно сме горди што можеме да се пофалиме со голем број редовни и верни потрошувачи, за кои секогаш се трудиме да овозможиме квалитетни производи и услуги. Бројот на членови на ВЕРНА програмата за лојалност постојано се зголемува и веќе се приближува кон 190.000. Досегашната прифатеност на верна програмата недвосмислено говори за задоволството на нашите лојални потрошувачи, што истовремено претставува и дополнителна обврска за нас. Следејќи ги современите светски стандарди, постојано се стремиме кон што поуспешно задоволување на потребите на потрошувачите. Токму затоа, нашите бензински станици ги конципираме како мултифункционални услужни објекти, односно места во кои патниците ќе можат да добијат се што им е потребно,- рече Мишко Тасевски во името на организаторите на специјалната прес конференција по овој повод.

Задоволството на потрошувачите ја стимулира компанијата да возврати на ваков начин заблагодарувајќи се на довербата. Дополнително, „Макпетрол“ паралелно спроведува модернизација на објектите со цел да создаде подобри услови за своите корисници.

– Веруваме дека со ВЕРНА програмата, односно континуираните наградни игри воспоставивме пракса на еден убав проект кој носи среќа и насмевка кај нашите потрошувачи, а нас, во Макпетрол, ни докажува дека трудот кој го вложуваме во нашата работа не е залуден,- подвлече Тасевски.

Што се однесува до овогодинешната едиција на наградната игра, начинот на спроведување останува непроменет.

 

– Верувам дека главните критериуми за учество се веќе добро познати на сите. За почеток треба да бидете член на платформата ВЕРНА, а потоа со секоја извршена трансакција на бензинските станици на Макпетрол ги впишувате стекнатите ВЕРНА поени на вашата членска картичка. Со секои впишани од 10 до 19 поени на Вашата Верна картичка добивате една шанса за награда. Доколку впишете 20 и повеќе поени добивате 2 шанси за награда. Колку повеќе трансакции, толку шанси за добивка! – објасни Зоран Доневски директор на Дирекција за големопродажба на Макпетрол.

Реализацијата на играта ќе се одвива низ девет редовни, три мастер кола и едно големо финално коло кое ќе се случи на крајот од играта, поточно на 7 декември. Во редовните кола, компанијата секој месец подарува: лаптоп Dell, викенди за двајца во хотелите на Макпетрол, 10 ваучери за гуми, 10 ваучери за Лубекс моторни масла, 10 ваучери за Кристал Кар средство за стакла, 10 ваучери со Верна поени во вредност од 1000 денари.

Во финалното коло ќе се додели СУВ возилото Хонда ЦР-В во изведба „Елеганс Нејви“, додека во трите мастер кола како награди ќе бидат доделени еден скутер Хонда (РСХ 125) , еден мотоцикл Хонда (Z 125М) и еден гумен чамец со мотор и приколка (Highfield Ocean Master 420 / Tohatsu 30KS).

– Досега, во изминатите четири години во наградната игра учествуваа околу 4 милиони квалификувани трансакции, а подаривме 2000 награди на нашите верни потрошувачи. Би сакал овие бројки да бидат поттик за оние кои сеуште не се дел од семејството ВЕРНА да аплицираат и да станат потенцијални добитници. За оние потрошувачи кои сеуште не извадиле картичка Верна, тоа можат да го сторат уште денес со пополнување на податоци во најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција од 10 поени да станат и дел од новата наградна игра.“ – додаде Доневски.

Редакцијата на „Дерби“ им посакува среќа на сите кои учествуваат во оваа наградна игра која со импресивниот награден фонд од година во година ги соборува рекордите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни