Поврзете се со нас

Македонија

Станковски се врати во Работнички како спортски директор: Имам доволно искуство за да ја извршувам оваа функција

Објавено

на

Фото: ФК Работнички

Работнички во текот на вчерашниот ден го назначи Александар Влахо за нов шеф на стручниот штаб, но промената во Дебар Маало е доста подлабока, бидејќи денеска клубот информираше дека повратник во погонот е и искусниот Горан Станковски.

Човекот кој во минатото ги водеше „романтичарите“ од клупата сега добива уште посериозна задача, односно доби задолжение да биде спортски директор на клубот, функција која во дадениот случај ќе има доста поширок обем.

Работнички информираше дека Станковски ќе биде задолжен за спортските прашања во клубот, трансферната политика, но и еден спој меѓу раководството, стручниот штаб, фудбалерите од сениорскиот погон, како и фудбалската академија на ФК Работнички.

– Чест ми е што добив една ваква значајна функција во Работнички и сакам да му заблагодарам на претседателот Драган Поповски за укажаната доверба. Мислам дека во фудбалската и тренерската кариера имам доволно искуство кое можам да го обединам во функцијата спортски директор на клубот. Апсолутно се пронаѓам во овој нов предизвик, се работи за креативна, но и мошне одговорна работа, функција која треба да се извршува со максимална посветеност.

– Секако, ќе работам во насока на продолжување и унапредување на стратегијата на ФК Работнички за форсирање млади и талентирани фудбалери во сениорскиот тим кои ќе добијат шанса да се наметнат и потоа да направат трансфери во странство. Овој клуб е лидер на тој план во Македонија и ќе се трудиме таа стратегија уште подобро да ја развиеме, – вели Станковски кој инаку е татко на Лука Станковски кој во првиот дел од сезоната беше најдобар поединец во првиот тим на Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни