Поврзете се со нас

Италија

Станковиќ ги посочи екипите кои можат да го освојат Скудетото

Објавено

на

Дејан Станковиќ најголемиот дел од својата фудбалска кариера го мина во Италија и тоа играјќи на најголемата сцена за Лацио и Интер, клубови во кои мина дури 15 години.

Во овој период тој беше дел од многу победнички состави, а најдобар доказ за тоа се шесте освоени Скудета, шесте пехари во Купот и шесте во Супер Купот на Италија. Сето ова прави неговиот збор, став да има посебна тежина, па токму Деки од свој агол направи анализа и ги посочи екипите кои според него можат да дојдат до пехарот во Серија А.

-Интер ќе се бори со Милан, Јуве и Наполи кои започнаа многу силно. Тренерот Спалети секогаш ги тера своите тимови да играат одличен фудбал. Да не го заборавиме Лацио на мојот сонародник Милинковиќ-Савиќ. Го сакам Сергеј до смрт, во Лацио, како и во репрезентацијата, тој покажува огромна  садоверба и квалитет.

-Тој покажува и се забележува на теренот, а и постигнува важни голови како на дербито. Во Рим го сакаат и само треба да бидат сигурни: подеми и падови се секогаш таму во фудбалот, ми се случија и мене. Потоа внимавајте на Рома. Веќе го гледам ликот на Мурињо, но за неговиот тип на фудбал се уште им треба нешто во однос на засилувањата. Фридкинс мора да го комплетира тимот, -порача Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни