Поврзете се со нас

НБА

Стадемаер ќе му биде асистент на Неш во Бруклин Нетс

Објавено

на

Стив Неш и Амаре Стадемаер одлично соработуваа во дресот на Феникс Санс, а овој тандем сега ќе соработува во стручниот штаб на Бруклин Нетс.

Американските медиуми вечерва објавија дека Стадемаер ќе му биде помошник на Неш, кој пак претходно ја прифати понудата да ги води Нетс во новата сезона.

Одлуката за именување на поранешната НБА ѕвезда за тренер на Бруклин донесе различни реакции, пред се поради фактот што Неш нема тренерско искуство, но Нетс решија да му овозможат да го предводи тимот чии први ѕвезди ќе бидат Дурент и Ирвинг.

Стадемаер добил понуда од Неш, па шесткратниот Ол-стар играч ќе му помага на поранешниот колега од времето кога двајцата му носеа солидни резултати на Феникс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни