Поврзете се со нас

Светски првенства

Српско славје и во Италија: Ѓоковиќ „полуде“ во Торино по клучниот гол на Митровиќ (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ допрва треба да го одигра првиот меч на завршниот турнир во Торино, но пред да се случи тоа, фудбалската еуфорија го зафати светскиот рекет број еден, особено откако неговата Србија обезбеди пласман на Светско првенство.

„Орлите“ ја замолкнаа публиката на „Луж“ и победија со 1:2 со гол постигнат во 90-та минута, а со оглед на тоа што стануваше збор за директна пресметка меѓу првите две селекции на табелата, погодокот на Митровиќ значи дека Србија патува на мундијалот во Катар.

Победата за Србите не можеше да биде послатка бидејќи истата беше остварена на терен на големиот фаворит, но покрај големото славје во Белград и сите останати градови кај нашиот сосед, доста жешко било и во Торино.

Ѓоковиќ самиот долови како ја прославил големата победа на Србија во Лисабон, а неговата реакција експресно ја проследија сите угледни српски медиуми.

Ноле со години наназад е најдобар амбасадор на Србија во цел свет, но наредната година, таква улога ќе имаат и фудбалерите кои ќе ја претставуваат нацијата во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни