Поврзете се со нас

Англија

Солскјер смета дека методите на Пеп нема да успеат во Јунајтед: Традицијата на Манчестер е поинаква

Објавено

на

Пеп Гвардиола успеа да го наметне својот карактеристичен стил на игра во секој тим кој го водеше во својата тренерска кариера, а истиот се заснова на долг посед на топката и агресивен пресинг со кој на противникот му се овозможува минимална контрола на теренот.

Оваа филозофија на шпанскиот стручњак му донесе големи успеси во Барселона, Баерн Минхен и сега во Манчестер Сити, но според Оле Гунар Солскјер, методите на шпанскиот стручњак не одат во блиска корелација со традицијата на Манчестер Јунајтед која се заснова на сосема различен фудбалски концепт.

– Секој менаџер си има свој концепт, гради тим според културата на клубот. Нашата култура во Манчестер Јунајтед е поразлична од таа на Пеп и ние се држиме до тоа.

– Ние тука имаме традиција, таа е изградена од легендарни имиња како Сер Мат Базбри и Сер Алекс Фергусон. Брзина, сила и брзи напади. Никој не измислил сам еден стил, секој земал дел од тоа што го видел кај други менаџери, а јас имам филозофија која е од времето кога играв за Манчестер Јунајтед. Учев од многу добри тренери и се уште се држам до тоа дека треба да напаѓаме директно и брзо и да ја користиме секоја шанса за контра напад.

– Најдобрите тимови секогаш биле брзи и имале добри контра-напади. Сите добри тимови знаеле да пробијат длабоки блокови. Јас чувствувам дека овој тим на Јунајтед е се подобар и сме поблиску до освојување работи во блиска иднина, – вели Оле пред дербито со Сити кое се игра денеска попладне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни