Поврзете се со нас

Англија

Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….

Објавено

на

Дербито меѓу Челси и Манчестер Јунајтед ќе биде добар испит за двата тима кога се во прашање нивните амбиции во однос на конечниот исход на табелата во Премиер лигата, пресметка пред која Оле Гунар Солскјер нагласи дека тој е најлошиот губитник во таборот на „црвените ѓаволи“.

Бруно Фернандеш се истакнува со своите фрустрирачки реакции и изјави по сите лоши изданија на Јунајтед во изминатата година, но додека португалскиот играч за врска јасно го покажува сето тоа, менаџерот тврди дека тој најверојатно е и полош губитник со кој јавноста не е запознаена.

– Ако сте дел од Манчестер Јунајтед и уживате во губењето или ви е сеедно, тогаш дефинитивно сте на погрешно место. Јас не ја искажувам мојата фрустрација како Бруно, но јас сум најлошиот губитник во клубот.

– Сите мислат дека тоа е Бруно, вие најверојатно не сте го виделе моето најлошо издание кога губам, но играчите од првиот тим го виделе тоа и знаат како изгледа, – потенцира Норвежанецот.

Инаку, големото дерби на „Стемфорд Бриџ“ се игра ова попладне во 17:30 часот, дуел во кој Челси влегува како петопласиран со два бода помалку од Вест Хем, а Јунајтед како втор на табелата со шест бода повеќе од денешниот ривал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни