Поврзете се со нас

Светски првенства

Словенија го заврши Мундобаскетот со победа и го освои седмото место

Објавено

на

Словенија успеа да се издигне и да пронајде мотивација после трите порази во низа кои ги доживеа на Мундобаскетот, па така со победа над Италија стигна до седмото место на овој турнир.

Лука Дончиќ беше најблиску до трипл-дабл учинок на актуелното Светско првенство во кошарка, но на крајот му недостасуваа две асистенци за да дојде до биланс од плус десет во трите главни категории.

Словенечката ѕвезда го заврши мечот со 29 поени, 10 скокови и 8 асистенции, па како лидер и капитен беше најзаслужен за победата од 89:85 која можеше да биде и доста поубедлива.

Словенците се опуштија во последната четвртина и им дозволија на Италијанците да дојдат на минус два на 20 секунди пред крајот, но потоа Драгиќ погоди и го реши мечот со слободно фрлање.

Кај Италијанците најдобри беа Спису со 22 и Фонтекио со 16 поени, но момент за одбележување беше и последниот меч во кариерата за Луиџи Датоме кој со солзи во очите се прости од кошарката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни