Поврзете се со нас

Боречки спортови

Скандалозно однесување на Џошуа по поразот, ги фрли појасите, се караше со публиката, со Усик… (Видео)

Објавено

на

Ентони Џошуа изненади многумина со своето однесување по крајот на борбата против Олександр Усик.

Украинецот втор пат по ред го совлада Џошуа, кој кратко по средбата го привлече вниманието кон себе со своето недолично однесување.

Џошуа во еден момент ги зеде двата појаси и ги фрли на подот, а потоа му пријде на Усик и го прашуваше како тој успеал да го победи, за потоа Украинецот да го смирува.

Откако се смирија страстите, и Џошуа дојде на свое, го зеде микрофонот, спортски му честиташе на Усик и побара од публиката да го поздрави него и сите Украински спортисти кои собираат сила и излегуваат на спортските борилишта.

– Овој тип ме победи. Можев да бидам подобар, но тоа само покажува колку напорно треба да работите. Погледнете ме, не сум борец за 12 рунди. Јас сум нов вид тешкаш, а тој има комбинации од Роки Марсијано.

– Ве молам за аплауз за него. Под вакви околности тој сепак успеа да стане шампион, -изјави Џошуа, а од трибините дојдоа овации на адреса на украинскиот боксер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни